Real-time TV дисплеј
Голем екран во чекална со тековни повици, листа на чекање и јасна визуелна сигнализација.
TAP Que
Систем за ред на чекање · Queue Management System
TAP Que by IGAL е модерен дигитален систем за ред на чекање за клиники, ординации, лаборатории и сервисни центри — со TV дисплеј во реално време, доктор/административен панел, QR пристап, дигитални тикети без печатење и детални извештаи.
Клучни функции
Системот за ред на чекање е направен за практична употреба: влезен таблет, рецепција, докторски панели и голем TV екран за пациенти/клиенти.
Голем екран во чекална со тековни повици, листа на чекање и јасна визуелна сигнализација.
Пациентот скенира QR код и зема број без потреба од комплицирана процедура.
Докторите / Службениците се најавуваат со PIN, повикуваат следен пациент и контролираат дали примаат нови пациенти.
Опционално печатење на тикети преку компатибилен термален принтер за рецепција или влезен таблет.
Зона на TV дисплеј за реклами, известувања, или информативни содржини.
Преглед на обработени пациенти/клиенти, детална статистика и CSV извоз за понатамошна анализа.
Како работи
TAP Que ја намалува гужвата на рецепција и им дава на пациентите јасен увид кога се на ред.
Преку QR код или печатен тикет, зависно од поставената организација.
Активните доктори и листата на чекање се освежуваат без рачен refresh.
Со едно копче се повикува следниот пациент/клиент и TV дисплејот веднаш се ажурира.
На крајот од денот има преглед на услужени клиенти/пациенти и времетраење, време на чекање.
Екрани во системот
Екран на влез со QR код, опционално Print копче и избор на доктор кога е потребно.
Рецепциски екран со QR и печатење, наменет за персоналот на шалтер.
PIN најава, toggle за прием на пациенти, повик на следен и повторен повик.
Full HD приказ за чекална со live листа, активен повик и простор за информации.
Безбедност
QR кодот не е статичен. Автоматски се менува и генерира нов безбеден token, со што се спречува земање тикети од надворешна локација или преку зачуван стар QR код.
Извештаи
Секојдневниот преглед помага да се види оптовареност, број на услужени клиенти/пациенти и просечно времетраење, време на чекање по доктор или шалтер.
Ценовник
Изберете го пакетот на системот за ред на чекање кој одговара на вашата установа. Годишна претплата, без скриени надоместоци.
TAP Start
За мала ординација со еден доктор.
TAP Clinic
За поликлиники со повеќе доктори.
On‑prem
· еднократна лиценца
Локален сервер во клиниката, без cloud.
ТВ дисплејот, Android таблетот / киоскот и термалниот принтер се предмет на посебна понуда — цената зависи од вашиот избор на модел и конфигурација.
TAP Que by IGAL
Побарај кратка презентација и ќе ти покажеме како TAP Que може да се постави за клиника, ординација или сервисен центар.